Молекулите на традиционалните полимери се направени од долги синџири од атоми на јаглеродот и водородот. Заради својата големина и еднородност, тие се тешка цел за ензимите на микроорганимите што се наоѓаат во природата. Кај фолиите произведени по технологијата DEGRALEN® во полимерот (полиетиленот) рамномерно се става специјален адитив наречен продеградент. Под влијанието на сончевата радијација, како и на температурните и механичките колебања, се појавуваат хемиски реакции во кои што учествуваат молекулите на продеградентот, полимерот и кислородот од воздухот. Реакциите најобично можат да се опишат вака:
Брзината на процесот може да се контролира со зголемување или намалување на количината на продеградентот. Кога молекулите на полимерот се скинат на помали синџири тие стануваат достапни за разградување од ензимите на микроорганизми што се среќаваат во природата.
(c) 2007 EXTRAPACK Ltd., Bulgaria Информациjа за производи од ДЕГРАЛЕН - tel. +359 62 611-515