Технологиjата
Денес скоро сите производи, кои што можеме да ги купиме во продавниците се спакувани, а повеќето од опаковките се направени од пластики. Поради тоа што традиционалните пластики се многу стабилни и не се разрадуваат во природата, тоа предизвикува два многу сериозни проблеми за околната средина и луѓето:
- Што да правиме со отпадоците од пластичните опаковки?
- Како да го намалиме расфрланото ѓубре?
Додека одговор на првото прашање даваат технологиите за рециклирање, компостирање или горење на отпадоците, за намалување на загадувањето досега најголема важност имаа казните за неправилно исфрлено ѓубре и организацијата за собирање на ѓубре. Од неодамна на помош за намалување на визуелното загадување Екстрапак ООД предлага торбички и опаковки изработени од DEGRALEN®. Дозволата за оваа технологија е од канадската компанија EPI Environmental Products Inc.. При произведувањето на торбички по оваа технологија, во процесот на екструдирање на полиетиленскиот филм се додава специјален продеградентен адитив.При понатамошниот процес на коронско третирање се иницира скриениот стадиум на разградување. Овој адитив делува како катализатор за разложувањето на полиетиленот под влијанието на кислород, ултравиолетовите зраци од сонцето, топлински и механички колебања. Разложувањето се одвива во две етапи: прво се кинат синџирите на полимерот на мали парчиња, а после скинатите синџири стануваат објект на напад од габички и бактерии, кои што ги разградуваат остатоците, при што одделуваат јаглерод диоксид и вода. Визуелното разложување се одвива во период од 2 до 3 години во зависност од климата. Во перидот пред разградувањето, опаковките ги зачувуваат своите механички својства и способноста за рециклирање.
Технологијата DEGRALEN® е сосема безбедна за здравјето на луѓето. Таа може да се употребува и за опаковки, кои што се во допир со храни. Одговара на европските стандарди за безбедност и екотоксичност.
Дозволата на Екстрапак ООД е издадена од EPI Enviroment Plastics Inc.
|